(ВИДЕО) ГОЛЕМА АКЦИЈА НА МВР ПРОТИВ ПОДЗЕМЈЕТО ВО СКОПЈЕ: Сузбиена криминална група што вршела насилство, изнуди и лихварство во Скопје

0
1928

Големата полициска акција на МВР почна да го одмотува клопчето на цврсто оформената мрежа за продажба на дрога и оружје во Струшкиот регион.

По денешните целодневни претреси во селата Ливада,Велешта, Радолишта, и во затворот приведени се шест лица М.К., Р.И., Г.Р.,Б.Х, Д,Б и Р.К. а еден е во бегство А.Р, сите осомничени за производство и продажба на дрога во градот и во струшкиот затвор.Уапсените се осуденици кои веќе издржуваат казна во Казнено поправниот дом од отворен вид во Струга информира МВР.

Но, криминалните дејствија не ги вршеле сами. Им помагала и полицијата. Истрагата утврди дека на криминалната група локални дилери добро познати во градот им помагал и висок службеник, инспектор од ПС Струга против кого ќе бидат преземени соодветни мерки. Освен во ќелиите и во дел од нивните објекти во Велешта, Ливада и Радолишта пронајдени биле и четири пиштоли, шест илјади евра наркотични супстанци и други материјални докази за сторени кривични дела.

Од МВР информираат дека ќе продолжат со активностите за обезбедување материјални докази за други лица поради постоењето на основи за сомнение дека се сторители на кривични дела, злоупотреба на службената положба и по целосно документирање на случајот ќе биде известено надлежното јавно обвинителство.