(ВИДЕО) Глигороска: Разговорите се автентични, со новинари од независни медиуми

0
1051

Виолета Глигороска, од Фондација отворено општество – Македонија, ја потврди автентичноста на прислушуваните разговори што ги доби во траскрипт верзија по денешната прес конференција во антивладиниот камп на „Граѓаните за Македонија“. Таа вели дека разговорите се истите оние што ги водела со новинари од неколку независни медиуми, пренесе А1он.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=RWvO1h97GNk[/youtube]

-Ова се разговори кои сум ги водела со новинари од независни медиуми и се однесуваат на разговори за истражувачки проекти, на можности за финансирање од страна на ФООМ на медиумите каде работат. Сите разговори се автентични, ги имам водено со Јадранка Костова од „Фокус“, Младен Чадиковски од „Фокус“ и Билјана Секуловска. Се чувствувам непријатно и ова само ми ја зајакнува желбата и истрајноста понатаму да продолжам да го работам тоа што го работам и сега – изјави таа по прес конференцијата на Заев.

Видео – А1он