(Видео) Германската амбасадорка Алтхаузер го направи Грујо ЛОМ! БАРА ОСТАВКИ!

0
1530

Оставки и почеток на транспарентна и независна истрага. Ова се западните политичките стандарди според кои треба да почне да се решава политичката криза во Македонија, порачува германската амбасадорка во Македонија Кристине Алтхаузер.

ambasadorka

„Според западните политички стандарди политичките последици од обемот и природата на обвинувањата е неизбежна. Да бидам јасна, како мојот американски колега минатата недела, последиците на пример значат оставки како предуслов да се дојде до почеток на неопходен транспарентен и независен истражен процес“, рече Алтхаузер.

Додава дека тоа што владата не презема ништо и не ги третира сериозно тешките обвинувања кон владини функционери, е иритирачки за неа како германски амбасадор, но и за сите западни набљудувачи на политичката сцена во Македонија. Трагично е да се види дека сите недостатоци наведени во последните извештаи на Европската комисија според објавените разговори се покажаа како точни.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=sBtSWg4KA5M[/youtube]

„Нашето западно верување дека државните интереси треба да бидат поважни од партиските интереси изгледаат наивно во однос на политичката култура овде. Превработеноста во државните институции често преполнети со лојални партиски следбеници наместо со компетентни адинистратори, нееднаквиот третман на индивидуите пред институциите, судовите, што е од фундаментално значење за демократијата, како и политичките притисоци врз медиумите, особено врз јавниот сервис, не само што доведоа до тековната криза, туку уште повеќе. Направија секој македонски граѓанин, даночен обврзник да биде жртва на клиентелистичко и партиско однесување на државните институции“, истакна германската амбасадорка.

Зборувајќи на трибината што се одржа на Правниот факултет под наслов Интергативниот процес на земјите од Западниот Балкан, Алтхаузер повика на кредибилен и стражен процес кој единствено може да го врати угледот на институциите и да ја зачува евроатланската перспектива на земјата. Потребно е реформите да се спроведуваат, да се даде фокус на владеење на правото, економските реформи и реформа на јавната администрација.

Видео : Телма