(ВИДЕО) Георгиев: Фондот за здравство призна дека 106.541 осигуреник сеуште чекаат картичка. Дали и нив ќе им наплаќаат за нови?

0
1414

Изјава за медиуми на Ален Георгиев, пратеник од СДСМ.

Безобразната власт на Никола Груевски, и во нејзиното заминување, на секој начин ги цеди, до последен денар, граѓаните на Република Македонија. Тоа го прават и со измислените 250 денари за обновување на здравствените картички. Станува збор за нови милиони евра, до коишто, по овој основ, сакаат да се дограбат, вели Ален Георгиев, пратеник од СДСМ.

„Порачуваме дека ништо повеќе не е исто за Груевски и неговите соработници – завршува времето на самоволие, криминал и корупција и кој се огрешил пред законот ќе одговара. Еве здравствени картички, ги имате и вие. Никаде на нив не е наведен рок на важност од 5 години, ниту граѓаните беа известени дека картичките ќе мора да се обновуваат.

Власта на Груевски манипулира со картичките и ги лаже граѓаните уште од 2008 година кога ги воведоа. Најавија дека ќе бидат бесплатни. Излажаа. Тодоров стана министер. Картичките станаа 250 денари. Ги плаќаат граѓаните. Најавија дека до јуни 2014 сите граѓани ќе имаат здравствени картички. Пак излажаа. Две години подоцна, во јануари 2016, здравствениот Фонд призна дека дури 106.541 осигуреник сеуште нема картичка. Дали тоа значи дека граѓаните кои пред 5 години платиле за здравствена картичка и се уште не ја добиле, сега поради нејзиниот истечен рок треба да платат за нова?

Еве ова Известување на вратите на Фондот за здравствено осигурување им наложува на граѓаните да извадат по нови 250 денари за картичките што требаше да бидат замена за здравствените книшки, но како што сите знаеме, тоа до ден денес не се случи. Груевски, Тодоров и нивните соработници ќе престанат со криминалите и ќе вратат се што одзедоа.

СДСМ со вас граѓаните тоа им го ветува на Никола Груевски и ненаситната криминално корупциска власт, и тоа ветување новата одговорна власт ќе го исполни“, рече Георгиев.