ВИДЕО: Генерал Ангелов му рокна кривична пријава на куртонот Диме Ратајковски!

0
1408

angelov23mart-685x320

Лидерот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, денеска поднесе кривична пријава во Јавното обвинителство, против главниот и одговорен уредник на МРТ, Диме Ратајковски, за злоупотреба на службената должност и овластување, пренесува А1он.

Освен што не дозволува да се емитуваат снимените разговори на владини функционери за корупција и изборен криминал, Ангелов рече дека Ратајковски треба да сноси одговорност и за тоа што дозволил да се емитуваат снимките со Љубе Бошковски и оние од разговорот меѓу премиерот, Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Главниот и одговорен уредник на МРТ направил кривично дело, како што рече поранешниот генерал, затоа што овие снимки се набавени со посебни истражни мерки.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=7Il2HNpa60I[/youtube]

– Во својство на службено лице, како главен и одговорен уредник на МРТ, во период од 3-ти февруари до денес, со искористување на неговата службена положба и овластување, Ратајковски не дозволил јавниот сервис објективно да ги информира македонските граѓани. На овој начин Диме Ратајковски со неизвршување на неговата службена положба, поради селективно и пристрасно пласирање информации на јавниот сервис, овозможил корист на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и нанел штета на македонските граѓани со што ги ограничил нивните права загарантирани со Уставот – изјави Ангелов.

Тој му порача на Ратајковски дека за овие кривични дела е предидена долгогодишна казна затвор и дека порано или подоцна одговорните во МРТ ќе ја добијат заслужената казна.

Обраќајќи му се на Ратајковски тој уште еднаш побара МРТ да ги објави снимените разговори кои ги обелоденува опозицијата. Што се однесува до протестите пред националната куќа, Ангелов посочи дека нема намера да ја окупира телевизијата, туку да ја ослободи, како што рече, од стегите на режимот.

– Овој режим е паднат на колена, прашање е кога ќе падне на земја. Но кога ќе падне овие кривични пријави ќе бидат процесуирани. Тие сега уживаат во нивната комоција, мислат дека се недоприливи, кога работите ќе се сменат, тогаш оваа кривична пријава, дополнета и доработена, некој јавен обвинител, кој навистина се грижи за македонските закони, ќе ја процесуира. Тогаш сите кои се опфатени со овие пријави ќе завршат таму каде што им е местото – рече генералот.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=ncG-QiX247U[/youtube]

Тој најави мал протест вечерва во 19 часот пред МРТ за одржување на кондицијата. Голем и масовен протест ќе следи во сабота во 12 часот пред МРТ, без насилство и со љубов.

На прашањето што мисли за документарецот кој го емитуваше „Ал Џезеира“ за Македонија и дали, како што се вели во прилозите на МРТ, истиот има за цел да предизвика меѓуетнички тензии, Ангелов одговори:

– Во вој момент во Македонија има само еден непријател, а тоа се творците и креаторите на овој режим. Не гледам никаква тензија меѓу Македонците и Албанците. Сега сите очи се свртени кон политичките бомби и кон исходот – рече тој.

Извор: А1он