(Видео) Генерал Ангелов: Груевски да биде притворен за да не ги повтори делата

0
1596

stojanche1april-619x320

Поранешниот генерал, Стојанче Ангелов, побара од јавното обвинителство да даде налог за притворање на премиерот, Никола Груевски, поради тежината на кривичната пријава што вчера против него ја поднесе СДСМ, пренесе А1он.

Како што вели Ангелов, премиерот треба да биде притворен додека трае истражната постапка затоа што во спротивно би можел да ги повтори делата, да побегне или да влијае на сведоците за докажување на крвичните дела. СДСМ, пак, со поднесените пријави, на премиерот му припишува злосторничко здружување, перење на пари и злоупотреба на службената положба.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=HZJ12B8RGrQ[/youtube]

– Бараме од Јавното обвинителство или од еден јавен обвинител кој ќе има храброст и доблест веднаш да му одреди мерка притвор на нелегитимниот премир, Никола Груевски. Исполнети се повеќе основи за мерката притвор, постои опасност од бегство затоа што има многу пари и лесно може да побегне и да земе лажен индентитет, постои основен страв дека ќе ги сокрие, фалсификува или уништи тррагите од криминалните дела, дека ќе влијае на сведоци, вештаци, соучесници и прикривачи. Постои исто така страв дека ќе ги повтори кривичните дела, ќе ги доврши или ќе стори нови – изјави денеска Ангелов пред Основното јавно обвинителство.

Видео – А1он