(ВИДЕО) ВЧЕРА БЕШЕ ПРЕКРАСЕН ДЕН : МУКАЕТОВ И АЛКАЛОИД СОБРАА ЕДЕН МИЛИОН ДЕНАРИ ОД ПРОДАЖБА НА МАИЧКИ КОИ ПАРИ ПОТОА ГИ ДОНИРАА НА БОЛНИТЕ ОД ЕПИЛЕПСИЈА!!!

0
1645

Еден милион денари се собрани денеска на традиционалниот хуманитарен пикник, кој седма година по ред го организира Фармацевтската компанија „Алкалоид” АД Скопје. И оваа година продолжи традицијата наречена хуманитарен пикник за вработените на кој присуствуваат членовите на нивните семејства и пријателите. Собраните пари ќе бидат донирани на „ Клиниката за детски болести“.

„Нашите пријатели и нивните вработени повторно покажаа декасе хумани, сесобравме со она што претставува дел од општествената одговорност на компанијата. Тоа е преку собирање сретства и овие маички, собравме над 1 милион денари кои ќе ги дониравме на клиниката за педијатрија на одделите за епилсепсија и астма“ – изјави Живко Мукаетов – генерален директор на „ Алкалоид “ и претседател на Управниот одбор на компанијат.

„Нашата клиника изразува голема благодарност, што токму на овој јубилеј, сереши донацијата да се даде на нашата клиника. Здравствените установи многу важна компонента за опстојување и работата се токму овие донации.“ – Катерина Ставриќ – директорка на Клиниклата за детски болести.

Првиот човек на Алкалоид најви дека оваа акција која има целосно хуманитарен белег ќе продолжи и во иднина а компанијата на ваков начин ќе даде потврда дека се залага за негување на вредностите и хуманоста.