(ВИДЕО) ВРИЕ ВО МПЦ – Владиката Петар распали од Австралија: Игуменот Гаврил утре ќе биде расчинет!?

0
1429

Епархискиот црковен суд на Австралиско-новозеландската епархија утре на 24 Август ќе му суди на Игуменот Гаврил. Ова го најавил Митрополитот г. Петар, администратор на Австралиско-новозеландската еапархија кој во беседата на осветувањето на темелите на новата црква во Сиднеј-Австралија, жестоко ги нападнал неговите критичари, потенцирајќи дека тие неправедно го осудуваат иако тој постојано работел во интерес на Црквата, пренесува Религија.

-Дали некој е чесен и праведен и мирољубив ќе го препознаете по неговите дела. Тој човек можеби и се претставува дека е чесен и мирољубив, ама работи против законите Божји и манипулира и со верата и со црквата. Кога има лажни попови и распопи, тука нема црква. Овде имате свештени лица на кои им забранува црквата да служат како на Гаврил Игуменот на кој треба на 24 да му судиме за криминални дејствија за нечесни работи, тој сега во Света Петка им проповеда на луѓето и шири вера. Па може ли оној што работи против верата и против црквата, да се прави поголем и од владиците, изјавил г. Петар.

Во продолжение слушнете ја целата беседа на Владиката Петар: