(ВИДЕО) ВМРО-МВРО НА МИТКО ЧАВКОВ ГО КАЗНИ ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ, ВОДАЧОТ НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА СО ПРЕКРШОЧНА ПРИЈАВА

0
1061

timthumb.phpВеднаш по завршување на одбројувањето на Шарената револуција за ултиматумот кој го поставија, Павле Богоевски доби прекршочна пријава за сторен прекршок, односно за четворката која со боја ја напишаа пред Триумфалната порта.

Денеска симболично броевме уште 4 дена до 18 јуни, денот до кога дадовме рок на владата да постапи по нашите барања. Веднаш по одбројувањето повторно ја почувствувавме селективната правда и прогонот на Митко Чавков и на фамилјата врз демонстрантите, имено ме легитимираа и ми дадоа платен налог за сторен прекршок, додека вистинските криминалци кои раководат со државата се уште се на слобода и судовите одвај можат да се дрзнат да им го одземат пасошот, а не дај боже да ги стават во притвор, рече за А1он Павле Богоевски.

Демонстрантите од Шарената револуција велат дека дале до знаење како на актуелната, така и на идните власти дека сите прекршочни и истражни постапки против граѓанските активисти мораат да престанат.

– Ова е пример за прекршување на основни човекови права за изразување на граѓански револт и протест, рече за А1он демонстрант од Шарената револуција.

Извор : А1он