(ВИДЕО) ВЛАДАТА СЕ ПОФАЛИ ДЕКА ИМА НАПРЕДОК ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА МОЗОЧНИТЕ УДАРИ КОИ СЕ ЕДНА ОД НАЈЧЕСТИТЕ ПРИЧИНИ ЗА СМРТНОСТ ВО ЗЕМЈАВА

0
1175

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска ја посетија Универзитетската клиника за Неврологија, во рамки на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Истакнувајќи дека Клиниката за Неврологија веќе е рамо до рамо со здравствените установи во Европските земји, Премиерот Заев потенцираше дека неколкуте новини коишто на Клиниката за Неврологија се воведени од неодамна, ќе придонесат кон побрза и попрецизна дијагностика на невролошките заболувања кај граѓаните. Тоа, како што рече Премиерот Заев, во исто време ја подобрува состојбата на македонското здравство во целина.