(ВИДЕО) Велески : Доаѓа нова одговорна власт во Прилеп предводена од СДСМ

0
2069

Прес конференција
Сашо Велески – Претседател на ОО СДСМ Прилеп
Прилеп, 15.02.2017

Почитувани,

За 12 години Марјан Ристески и неговите соработници, потрошија околу 200 милиони евра пари на граѓаните, а не реализираа ниту еден суштински проект за општина Прилеп.

Гасификацијата, новите училишта и градинки, булеварите, новите фабрики во индустриските зони, илјадниците нови работни места, останаа само празни ветувања.

Додека сведочиме на богатење на одредена група моќници, граѓаните на Прилеп тонат во сиромаштија, а младите се почесто се иселуваат од градот.

Малите претпријатија и дуќанџиите едвај врзуваат крај со крај и ги затвораат бизнисите, а локалната власт се грижи единствено за провизии и лично богатење.

Токму затоа, последниот отчет на Марјан Ристески претставува невидено лицемерие!

Бесрамен и очаен обид да го прикрие сето она што не го сработил, да ја сокрие личната истрошеност и безидејност, како и неспособноста на неговиот тим од директори.

Поради ваквото неодговорно и коруптивно владеење на локалната власт Општинската организација на СДСМ Прилеп поднесе кривични пријави до ОЈО скоро за сите директори на Јавните комунални претпријатија, поврзани со злоупотреби во нивната работа и сомнежи за криминални дела.

Завршуваат заканите од Марјан Ристески и Миле Јанакиески за рушење и уништување со хилта!

Завршуваат политиките на криминал, корупција и тендерски интереси.

Доаѓа време на правда и одговорност. Доаѓа време на одговорни политичари кои ќе работат чесно, посветено и домаќински.

После промените на парламентарните избори, доаѓаат промени и на локално ниво.

Прилеп ќе добие одговорна локална власт, ќе добие градоначалник и Совет од СДСМ кои ќе се грижат за интересите на граѓаните на општина Прилеп.