(ВИДЕО) ВАСЕ КУРТОН АЛБАНОФОБ ХЕФТАЛИЦА ЌЕ ГО ЈАДЕ СТАПОТ ОД ВРАБОТЕНИТЕ НА АЛФА ТВ : НОВИНАРИТЕ ОДБИВААТ ДА ГИ ПОТПИШАТ НОВИТЕ ШТЕТНИ ДОГОВОРИ НА КУРТОНЧЕТО ЗА КОИ ШТО ,,НАРОДЕН ГЛАС”, ,,МАКТЕЛ” И ,,ДОКАЗ” ПРВИ ОБЈАВИЈА!!!

0
1776

 

Незадоволство владее кај вработените во националната телевизија „Алфа ТВ“ , откако раководството на телевизија одлучи да направи промена во нивните договори. Менаџментот им доставил на вработените да потпишат договори со кои се согласуваат неопределеното работно време да им биде заменето со договори за определено работно време, во период од три месеци.

„Заради максимална искористеност на капацитетите и подобрување на работниот процес и медиумски услуги во „Алфа ТВ“ ДООЕЛ Скопје, на сите работници вработени во телевизијата на неопределено работно време им се трансформира работниот однос од неопределено време во определено, со времетраење од 3 месеци, сметано од денот на потпишување на новите договори за вработување, стои во одлуката потпишана од новоименуваниот управител на Телевизијата“, Васко Ефтов.

Синдикалниот претставник на вработените од „Алфа ТВ“, Сашо Мисајловски, рече дека е напната и непријатна моменталната ситуација во телевизијата по што истакна дека ќе биде побарана средба со менаџментот и доколку не биде повлечена одлуката, целата ситуација ќе се радикализира.

„Напнато е и не е баш пријатно. Поединечни договори сè уште не се направени, ќе преговараме со менаџментот, но доколку не се најде никаква солуција, ситуацијата ќе се радикализира и ќе следи состанок со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на кој ќе се одлучува што понатаму“, вели Мисајловски.

Тој рече дека веќе остварил една средба со новиот управител на Алфа, Васко Ефтов, на која тој му кажал дека проблемот всушност го наследил, односно оваа одлука била донесена и пред неговото стапување на функција.

„Имав веќе еден разговор со Ефтов, но средбата повеќе беше за запознавање, тој само ми кажа дека проблемот го наследил, односно дека датира уште пред неговото назначување за директор. Денеска тој не е тука, ќе се обидеме да закажеме состанок за некој од наредните денови. Мислам дека политиката на менаџментот не е да ги избрка вработените, туку само да ги држи на краток синџир бидејќи со договор за определено работно време само од менаџментот зависи дали вработениот ќе остане на работа или не“, вели Мисајловски.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници е известен за овој случај од страна на вработените во телевизијата.

„Одлуката е незаконска и неоснована, ние го алармиравме трудовиот инспекторат, очекуваме тој да реагира и да ја прогласи за ништовна оваа одлука бидејќи станува збор за потег кој со ништо не е оправдан ниту аргументиран освен со волјата на потписникот на одлуката“, вели претседателката на ССНМ, Тамара Чаусидис и додава дека Синдикатот ќе преземе се што е во нивна моќ за да ја оспорат одлуката.

Во Законот за работни односи член 28-а став 4 се вели дека измени на договорот за вработување можат да бидат извршени само доколку и двете страни се договорат за тоа. „Алфа“ телевизија заедно со „Република“ и „Курир“ неодамна беа во фокусот на вниманието поради промената на сопствеништвото каде се појавуваат лица од Унгарија.

Извор : МакФакс