(ВИДЕО) ВАКА ГРАДАТ ВМРОВЦИТЕ: Додека спиеле, плафон од тоалет падна во студентска соба во домот „Стив Наумов“

0
1655

Плафон од тоалет ноќеска по полноќ паднал во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје. Студент што престојувал во собата во која се наоѓал тоалетот преграден со гипс-картон вели дека ова не е прв ваков случај, а заедно со неговите цимери стравува дека доколку не се реагира, може некој да настрада.

Во моментот кога паднал плафонот имало тројца студенти.

„На спиење, ноќеска околу 2 часот по полноќ, падна плафонот граден од трска. Така се правени сите плафони. Гипс, трска и вода не може да издржи оти од пареата кондензира и по три години – паѓа. Ова го знае секој, а никој не презема активности за да се превенира на време“, вели студент од домот за ,,Макфакс”.

Видео на следниов линк ОВДЕ