(ВИДЕО) БРАВО ЗА ТЕЛМА, ПРИЛОГ НА ГОДИНАТА : ГИ ФАТИЈА ЖИВИ ВМРОВСКИТЕ КОПИЛИЊА КАКО ВНЕСУВААТ МАСИЧЕ ОД ИНИЦИЈАТИВА ПРОТИВ БЕГАЛЦИ ВО ШТАБ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО АЕРОДРОМ!

0
8929

IMG_20170824_195006Овие инсерти Телма ги доби анонимно. На нив се гледа како неколку лица прво ја отклучуваат врата на еден од општинските комитети во општината Аеродром, а потоа внатре внесуваат материјали и инвентар. Јасно се забележува дека на клупата се залепени пораките на граѓанската иницијатива „Будење“ на кои пишува не за мигрантите во Аеродром.

Канцеларијата на општинскиот комитет денеска беше заклучена. Од ВМРО-ДПМНЕ денеска ни изјавија дека дополнително ќе утврдат за што станува зброр. Се оградуваат од оваа граѓанска иницијатива, тврдејќи дека таа е автентична.

„ВМРО-ДПМНЕ не стои зад оваа граѓанска иницијатива. Сепак, нашиот став е познат, а тој е дека приоритет на нашата држава треба да бидат нашите граѓани, а не грижата за мигрантите. Македонија нема капацитет за станови, образование или здравство за нив“, велат од партијата.<

Потписи во име на граѓанската иницијатива „Будење“ и денеска се собираа во општината Аеродром. Оние што стоеа зад клупата не ни дадоа изјава. Не биле велат овластени. Оние што се, не дојдоа. Во нивно име зборуваа граѓаните. Слушнале за иницијативата, но не се сигурни за што .

За дел од медиумите, претставници од граѓанската иницијатива „Будење“ изјавија дека потписите ќе ги достават до општината Аеродром како основа за иницирање референдум во однос на ова прашање. Од општината ни изјавија дека се уште не ги добиле потписите, но дека референдумот ќе го распишат доколку граѓаните тоа го побараат и секако, доколку иницијативата помине на Советот.

Од страна на владата неколкупати досега беше повторено дека не постои стратегија за населелување на мигранти, ниту пак такво нешто е планирано. Од тука според власта, ваквите тврдења немаат основа, а најави за изградба за станови или обезбедување здравство и образование за нив, не се вклучени во ниту еден закон.