(ВИДЕО) ДЕЧКИВЕ СЕ ЦАРЕВИ, БРАВО ЗА ХУМАНОСТА : ПРИЛЕПСКИ МЛАДИ АКТЕРИ УТРЕ ЌЕ ИЗВЕДАТ ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА ,,ВИКЕНД НА МРТОВЦИ” СО ХУМАНИТАРЕН ПРЕФИКС

0
1652

Утре на сцената од центарот за култура „Марко Цепенков“,во 20ч. премиерно ќе
биде изведена претствата „Викенд на мртовци“, по текст на Миле Попоски, во
режија на Саша Нацевски, а во изведба на училиштето театар  „Чин 4 Сцена 5“.

Претставата е хуманитарна. Парите од продажбата на влезните билети ќе
бидат наменети за набавка и инсталација на лифт за хендикепирани лица во
центарот за култура. Дел од парите за нова дограмата во дневниот центар за
лица со посебни потреби „Ѕуница“ и набавка на четири компјутери за
посебните паралелки при ООУ „Климент Охридски“ во Прилеп. Затоа се
планирани 10 театарски изведби.

„Претставата говори за тоа како едно семејство се справува со својот починат член. Сето ова е претставено на еден сатиричен начин, каде на крајот произлегува една комична претстава, која нема прилепчаниц кој не ја знае.
Токму и тоа ни беше целта, претставата да ја пренесеме во вистинско светло пред публиката.Претставата има хуманитарна нишка и тоа во повеќе сегменти. Им благодариме на сите кои застанаа да го поддржат овој хуманитарен проект: Општина Прилеп, Стопанска комора на град Прилеп, бизнис секторот, НУЦК „Марко Цепенков“ и многу други субјекти и лица, кои го сакаат театарот и сакаат да бидат хумани“, вели, режисерот Саша Нацевски.

Актерите велат дека се забавувале за време на подготовките и дека воопшто
не им било тешко да се спојат во едно искуството со повозрасните и
подмладокот на „Чин 4 Сцена 5“.

„Викенд на мртовци“ е драмски текст кој треба постојано да биде претставуван
пред публиката. Јас сум од помладите актери на „Чин 4 Сцена 5“. Енергијата на
пробите беше прекрасна и задоволство е да се работи со секој еден од нив.
Како помлади членови внесовме нова енергија во претсавата и сите заедно
создадовме едно театарско дело кое ќе се памети“, вели Леона Митреска.

„Ми се допадна, бидејќи претставата има хуманитарен карактер“, вели
Христијан Коруноски, дел од аматерската актерска екипа, на овој хуманитарен
проект.

„Викенд на мртовци“ ја подготвувавме веќе два месеца и мој апел до сите
прилепчани е да купат карта и да бидат хумани“, вели Марко Ѓорески.

Влезницата за претставата чини 100 денари, а резервации може да се набават
и на телефонскиот број 075 48 66 57. Со секоја купена влезница, Вие донирате!