(ВИДЕО) БОРЧЕ ОД ГАЗИ БАБА, ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ И ЗАЕВ ИЗВРШИЈА УВИД ПО НОЌЕ НА МНОГУ ВАЖНА ОБИКОЛНИЦА КАЈ МАЏАРИ И ГАЗИ БАБА

0
1225

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, на покана на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, и во придружба на градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, синоќа изврши увид на работата на уште една многу важна сообраќајница – улицата „Благоја Стефковски“, главната улица која поминува низ населбата Маџари, и која ги поврзува Гази Баба и општините Илинден и Петровец.

Премиерот Заев во изјавата за медиумите на овој настан истакна дека еден подолг период граѓаните на Скопје се сведоци на интензивно изведување на работи на реконструкција на повеќе булевари и улици во градот, и додаде дека во рекордно кратки рокови реконструирани беа повеќе главни градски сообраќајници во сите десет скопски општини, како и дека помал дел од улиците што останаа согласно планот, ќе бидат реконструирани до крајот на овој или почетокот на следниот месец.

„Она што ја прави уште позначајна оваа градска сообраќајница е што ја обезбедува сообраќајната врска и комуникација на огромен број стопански субјекти и компании во овие три општини, кои формираат една од најдинамичните индустриски зони во градот.