(ВИДЕО) Борче и Општина Гази Баба решија децениски проблем, предлагаме изградба на ново подрачно училиште во Идризово за настава на албански јазик од прво до деветто одделение

0
1244

Општина Гази Баба изнајде ефикасно решение за проблемот со кој што се соочуваат родителите и учениците од ООУ Његош, повеќе од 20 години. На денешната средба со претставници на родителите предложивме изградба на ново подрачно училиште во населеното место Идризово, со што трајно се решава проблемот на децата.

Постојниот капацитет на ООУ “Његош” во Јурумлери, нема ниту кадровски ниту просторни услови за да овозможи соодветен одговор на барањето од родителите за отворање на нова паралелка. Токму затоа сметаме дека најдоброто решение во интерес на учениците е изградба на ново подрачно училиште на ООУ Његош  во Идризово.

  • Површината и земјиштето е во сопственост на општина Гази Баба. Општината ќе изготви елаборат и основен проект кој што ќе го достави до Министерството за образование со тоа што ќе овозможиме услови децата да изучуваат во исто училиште од прво до деветто одделение и со тоа ќе ставиме крај на деценискиот проблем кој што се провлекува преку 20 години. Ние како општина имаме исклучително добри искуства во подрачјето на училишта и на одвивањето на наставата на албански јазик како што е ООУ 25 Мај, кое има свои подрачни училишта, потоа подрачното училиште на ООУ Кирил и Методиј во Страчинци. Ова ќе биде трето основно училиште каде ќе се изучува албанскиот јазик, изјави градоначалникот Георгиевски.

Градоначалникот Георгиевски посочи дека предлогот за изградба на подрачно основно училиште ќе биде презентиран и пред родителите на средба која ќе се одржи оваа сабота со почеток од 17 часот. На средбата родителите и учениците ќе бидат детално запознаени со предлогот, кој нуди трајно решение на ова прашање.

  • Нашата обврска е да ги доставиме сите потребни документи од страна на општината до МОН, тие според стандардите и условите е должни во најкус временски рок да ги овозможи сите услови за изградба со што од темел би било изградено во Идризово. На тој начин ќе имаме најмалку 4 до 5 кабинети за изучување на наставата, плус наставничка канцеларија и нова опрема, изјави градоначалникот Георгиевски.

Општина Гази Баба во овој период додека се подготвува документацијата, но и процесот на градба за подрачното училиште во Идризово, презема обврска од сопствени средства да го организира превозот на учениците до училиштата каде сега ја следат наставата.

 

Со почит,

ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Одделение за односи со јавност