(ВИДЕО) Борче Георгиевски: Партиски популизам наместо вистинско решавање на проблемите

0
954

Недопустиво е после 90 дена Стајковци и околината да се чувствуваат дека се немоќни да се бранат и од најмалата штета од врнежите, a истовремено локалните и државните институции молчат и воопшто не си ги извршиле своите надлежности, рече на денешната прескоференција Борче Георгиевски претседател на ОО СДСМ Гази Баба.

– Истовремено сакаме да потсетиме дека 36-те милиони евра коишто се позајмица за оштети за најелементарните потреби на најзагрозените семејства до петокот беа исплатени само 22% и тоа на селективен начин, а истовремено селективноста е присутна и во делот на асфалтирањето, на санациите на домовите и оштети на земјоделските површини. До денеска за над 500.000 хектари земјоделска површина на земјоделците не им е исплатен ниту еден денар – рече Георгиевски.

Истовремено, додаде тој, сакаме да апелираме државата да практицира еднаквост, а луѓето на функциите на коишто се наоѓаат треба да спречат елементарни непогоди се поставени партиски и вршат партиски популизам наместо да ги решаваат вистинските проблеми и проблемите коишто се од животен интерес и истовремено претставуваат голем проблем за безбедноста на граѓаните.

– Не е никакво оправдување дека Трансмет единствената фирма којашто во четири очи ќе го врши поправањето на северната заобиколница а поминаа 92 дена до ден денеска ни еден милиметар од нејзината површина на заобиколницата не е рехабилитирана, поправена а истовремено ни каналскиот систем кој доаѓа од Скопска Црна Гора, а претставува елементарна непогода на северната заобиколница кој претставуваше смртна заобиколница на скопскиот регион од 6 август во овој момент и сами може да се уверите, не е ниту поправена ниту рехабилитирана – рече Георгиевски.