(ВИДЕО) БОМБА на Манчевски : Го чекаме мандатот за составување на влада!

0
1385

По дадената изјава, потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, одговараше на новинарските прашања.

Има уште три дена до составување влада, но преговорите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се во голема тајност. Ваш коментар околу тоа?

Тоа треба да го коментираат оние кои учествуваат во преговорите. Ние го чекаме мандатот за составување на влада.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ не успее да формира влада, дали за вас е прифатлива платформата на албанските партии?

Она што и претходно го кажавме, навистина, сметаме дека во Македонија е време за спроведување на еден сосема нов концепт за подобар живот за граѓаните. Не се работи само за платформа на овие три партии, и ние имаме наша платформа која, кога ќе дојде време ќе ја презентираме и на јавноста и на потенцијалните коалициски партнери.

Дали се компатибилни двете платформи?

Во дел да, во дел веројатно не. Меѓутоа, ќе соопштиме на време.

Дали сте сигурни дека вие ќе го добиете мандатот?

Со Ѓорге Иванов никој не може ништо да биде сигурен. Мислам дека дури ни тој самиот не е сигурен што ќе направи.

Како го коментирате повлекувањето на „бомбите“ од Јутјуб каналот?

Евтин трик, обид на Никола Груевски да проба да го скрие срамот од она што го правел. Навистина сметавме дека се откажал, но ете, тоа не е така. Ниту е прв пат, ниту последен. И друг пат имаат тргано од нашиот Јутјуб канал, односно реагирано до Јутјуб или Фејсбук за тргање одредени содржини за коишто подоцна ние повторно реагираме назад и сметаме дека многу брзо ќе бидат вратени.

Што доколку Иванов реши повторно да го даде мандатот на истата партија, меѓутоа на друг мандатар? Затоа што и тоа може да се толкува во Уставот.

Имаме разработени сценарија и за тој случај.

Имаше една средба на господинот Ахмети и господинот Заев. Имало ли други контакти меѓу СДСМ и ДУИ во изминативе денови?

Не. Немам што повеќе да додадам на таа тема од она што веќе го соопштивме. Што и да се случува навремено ја известуваме јавноста.

Кои се тие сценарија, ќе откриете ли?

Не. Не во овој случај.

Ќе коалицира ли Заев со Ахмети доколку има можност за коалиција, доколку го добие мандатот, затоа што во предизборието велеше дека со криминалци нема да коалицира?

Мислам дека е јасно дека апсолутно работиме на создавање на парламентарно мнозинство во коешто потенцијални коалициски партнери се сите освен ВМРО-ДПМНЕ. Така што апсолутно и тие изјави се однесуваа на луѓе коишто се обвинети од СЈО или инкриминирани во разговорите кои се предмет на истрага на СЈО.