Гостин во Централниот дневник беше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски кој зборуваше за алармантната ситуација со пожарите кои изувнаа на повеќе локации во земјава.
-Човечкиот фактор е 100% причинител за оваа ситуација. Дел од причините се палење стрништа заради припремања на земјоделски површини за пролетна сеидба. Само уште кај нас стои правилото дека ако се запалат стрништата нема да има коров. Правевме анализи во регионот и Европа или било каде во светот, тоа никаде не се случува, а земјоделците се несовесни за последиците од палењето на стрништата. Апелиравме за таа состојба, но не наидуваме на разбирање од општеството, истакна Џафероски.