(ВИДЕО) Бомбашки напад на католички Велигден во Шри Ланка, околу 100 загинати и 400 ранети

0
2607

Најмалку 75 лица загинаа, а околу 400 се повредени во неколку силни експлозии што денеска се случија во главниот град на Шри Ланка, Коломбо, пренесува Ројтерс.

Според извори на агенцијата, три експлозии се случиле во луксузни хотели, а три во католички цркви. Градоначалникот на престолнината изјавил дека станува збор за најголем број жртви во еден ден од крајот на цивилната војна. Се стравува дека бројот на загинати ќе се зголемува бидејќи голем број од повредените се во критична состојба, а расчистувањето на теренот сѐ уште трае. Засега никој не ја презел одговорноста за нападите.