Претседателот на СДСМ од собраниската говорница Зоран Заев најави прес конференција во Собранието на кое ќе одговори на сите прашања, откако рече дека одлуката за избор за претседател на Собранието наскоро ќе се случи.
– Претседател на Собранието ќе биде избран во оваа сала, во друга сала, на скалите, во амфитеатар на Правниот факултет, во МАНУ, рече Заев во неговото излагање на говорницата, од каде го повика преседавачот на седницата Трајко Вељаноски да не ги крши Деловникот, законите и Уставот на РМ и да дозволи продолжување на седницата и по 18 часот, да одзема право на збор согласно Деловникот доколку некој ја крши процедурата и да дозволи со пратенички потписи да се смени дневниот ред на седницата, односно со гласање да се дозволи да се премине на точката избор на претседател на Собранието.