(ВИДЕО) Богоев: Чавков кој нареди тепање на студентите?

0
1258

Видео линк од прашањата на пратеникот Стефан Богоев на седницата во Собранието на Р.Македонија на којашто точка на дневен ред се Пратенички прашања:

-Прво, со име и презиме, кој ја издаде наредбата за тепање на студенти од страна на припадниците на ЕБР, Единица за брзо распоредување, на 30-ти јуни, оваа година, пред канцелариите на Студентскиот Парламент во Скопје, односно пред Студентскиот дом Кузман?

– Второ,  колку пари од Буџетот, пари на граѓаните на Република Македонија беа потрошени за таа акција во којашто полицијата под ваша команда тепаше студенти на 30.06.2016, во доцните ноќни часови, пред канцелариите на Студентскиот Парламент во Скопје?” праша Богоев.