(ВИДЕО) Богоев: Минималната месечна плата изнесува 10.080 денари, а минималните трошоци за живеење и студирање на студент сместен во студентски дом изнесуваат 10.277 денари!

0
1216

Стефан Богоев, претседател на СДММ, денеска на прес-конференција рече дека студентите и оваа академската година ја започнуваат со трошоци кои се поголеми од она што може да си го дозволат просечните македонски семејствата.

– Минималната месечна плата во Република Македонија изнесува 10.080 денари, а минималните трошоци за живеење и студирање на студент сместен во студентски дом изнесуваат 10.277 денари. И тоа вклучува престој во студентскиот дом, купување на книги, трошоци за меѓуградски превоз за да може студентот да се врати во своето родно место и да ги види најблиските, како и храна и социјален живот. Сето вкупно 10.277 денари наспроти минималната месечна плата од 10.080 денари. Дополнително, во овој трошок не е вклучена сумата од партиципацијата која студентите ја плаќаат за студирање на факултет. Значи, дури и да ја даде целата плата, родителот не може да ги покрие месечните трошоци на детето студент. А што ако има две деца кои студираат? Или три – вели Богоев.

Тој нагласи дека додека родителите се мачат, штедат и гладуват за да обезбедат на своите деца пристојно студирање и услови за живот, студентите треба да се сместат во студентски домови кои се руинирани, да учат во разурнати библиотеки, да имаат храна полна со инсекти и да имаат студена вода во бојлерите во нивните тоалети.

– Сето ова е резултат на стиропорните политики на осомничениот економист Никола Груевски кој заедно со својата фамилија се богатат додека младите масовно ја напуштаат државата. Почитувани студенти, во декември доаѓа најважното прашање на заокружување – порача Богоев.