(ВИДЕО) Богоевски: Ако Ахмети и Џафери не ја повлечат тужбата, ќе добијат кривична пријава

0
2338

Поранешниот разузнавач Слободан Богоевски по откажаното рочиште за тужбата од Али Ахмети и Муса Џафери за клевета и навреда посочи дека доколку двајцата не се повлечат, ќе добијат кривична пријава за влијание врз сведоци, пренесува А1он.

– Самата тужба за клевета за исказ даден во судска постапка не е дозволена, тие тоа добро го знаат. Воедно и според американското законодавство, со оглед дека изјавата е таму дадена тоа е казниво според член 368 А, од Кривичниот законик на РМ, казниво влијание врз сведоци во судска постапка. Ако ова не биде отфрлено, веднаш ќе иницираме кривична постапка врз поднесителите и сите што учествуваат во ова постапка. Не можете да тужите никого за навреда или клевета за исказ даден во судска постапка. Местото им е таму, нека повелат, нека си кажат што мислат во постапките што се водат против нив, а не во граѓанскиот суд за навреда и клевета, ја погрешиле адресата. Веројатно си прават калкулации со изборите, немам што друго да коментирам мислам дека ви е познато зошто го прават сега тоа, рече тој.

Извор и видео : A1он