(ВИДЕО) Блажески: Политиката “Миле ми текна” и насилство со “батките” на Јанкуловска мора да завршат!

0
1466

Бурната расправа на охридските советници околу иницијативата за експропријација на градежнто земјиште во приватна сопственост заради изградба на катна гаража зад хотел Ривиера, резултираше со носење одлука што потоа беше поништена. Причина: направена техничка грешка.

Советникот Дејан Блажески упати остри критики поради потценувањето на вредноста на имотот на кој ќе се врши експропријацијата, а што е во соспственост на неколку граѓани.Тој, меѓу другото, запраша и дали токму на тоа место треба да има катна гаража.

“Политиката “Миле ми текна” и насилството со “батките” на Јанкуловска мора да завршат. Охрид веќе десет години е жртва на Министерството за транспорт и врски. Почитувани колеги, ќе ги земете своите парични надоместоци од седницата, но збор не проговоривте. Дали вака би реагирале секретаре Спасески и останати колеги доколку за овие пари ви ги одземат вашите дворови или имоти?! Лицемерна е политиката на ДПМНЕ која првенствено спроведуваше денационализација , а сега врши немилосна експропријација”,рече Блажески.

Советниците расправаа и за предлог-одлуката за обезбедување надоместок за експропријација на недвижност за изградба на пешачката патека кон Горица.