(ВИДЕО) Беше дел од „златниот“ Вардар, сега моли за корка леб!

0
3233

Играше рамо до рамо со Дарко Панчев, Илија Најдоски, Чедомир Јаневски, Васил Рингов, Тони Савевски, Вујадин Станојковиќ и останатите во златната генерација на најтрофејниот македонски клуб Вардар во таа 1987 година, кога црвено-црните станаа југословенски шампиони. Одигра 29 меча во сезоната за незаборав на Вардар, ама Венцислав Симоновски буквално сите го заборавија. Денеска живее во мизерија – во мрак, гладен и жеден.

Симоновски го преживува најтешкиот период од својот живот. Осамен, гладен, во мрак во мизерни услови живее дури четири години. Немоќен, заборавен од сите буквално гладува.

„Немам никакви приходи. Струјата ми е исклучена веќе четири години. Вака, без услови, тешко е“, вели Симоновски за „ТВ Стар“.

Корка леб и помош Симоновски добива само од својата снаа, која досега помош за него побарала од сите институции, но не ја добила од никаде.

„Бев секаде. Од социјалното ми велат дека не биле надлежни“, вели Стојана Симоновска, снаа на Венцислав, додавајќи: Тој беше легенда, поим з аовој град, а сега никој не сака да му помогне, како да не постоел, како ништо да не направил во животот.

Симоновски е и поранешен репрезентативец, но очигледно не го заборави само неговото родно Делчево, туку и целото македонско фудбалско семејство, па дури и неговиот клуб каде стекна слава – ФК Вардар.