(ВИДЕО) БЕСА: Албанците од ДИК и подарија пратеник на ВМРО ДПМНЕ

0
1329

Прес-конференција на Беса:

Почитувани новинари, почитувани Албанци и други граѓани на земјата,

Денеска бевме сведоци на сeдницата на Државната Изборна Комисија која со мнозинство гласови не ги прифати приговорите на коалицијата Движењето БЕСА овозможувајќи на овој начин ВМРО неправедно да земе еден пратенички мандат од втората изборна единица кој што ни следуваше на нас. И покрај тоа што гласачите на овие партии преку овие избори им упатија јасна порака, тие и понатаму продолжуваат да се здружуваат против Албанците и граѓаните на оваа земја.

Повторно прекршувајќи го правото, ДИК уште еднаш потврди дека Македонија е земја каде правдата е поретка дури и од водата во пустина. Денес уште еднаш се потврди дека ДИК донесува одлуки со политички диктат, но беше многу болно да гледаш како албанските претставници во неа, тие о ДУИ, ДПА, и тој кој наводно е независен, го штитеа интересот на ВМРО ДПМНЕ и на Никола Груевски повеќе од самите претставници на Груевски во оваа комисија.

Најдени во ваква ситуација, каде повеќе не и веруваме ни на ДИК, ниту на правдата во оваа земја, последната надеж е дека многу брзо на местото на претставникот на ДПА, или поточно, на претставникот на ВМРО ДПМНЕ, Бедредин Ибрахими, ќе биде претставникот на Движењето БЕСА и ова ќе биде една можност оваа многу значајна институција за демократијата во земјата   да биде ставена на вистински пат.

Почитувани активисти не ДУИ и на ДПА, многу ни е жал за вас, но денеска вашите претставници во ДИК не и одзедоа пратеник на Движењето БЕСА, тие им одзедоа пратеник на Албанците во Македонија и тој му го дадоа на Груевски. Ова беше тоа што ние ви го кажувавме пред изборите, гласот за ДУИ е глас за ВМРО и за Груевски.

Нека им е со чест на оние кои го направија овој срам!