(ВИДЕО) Атанасов: Образовението е врвен приоритет во нашиот План за живот во Македонија

0
1378

Изјава за медиуми,
Петар Атанасов, кандидат за пратеник на СДСМ и коалицијата во ИЕ 1
Скопје, 02.12.2016
Во образованието работите одамна не се такви какви што треба да бидат. Затоа се потребни големи промени. Во нашиот План за живот, приоритет се учениците.

Ќе го укинеме екстерното тестирање, ќе го намалиме бројот на предмети во пониските нивоа на образование, ќе воведеме систем за професионална ориентација на ученици и ќе го намалиме бројот на деца во паралелка на 25 ученици.

Втор приоритет се наставниците и професорите. Ќе ги укинеме сите казни што се директно поврзани со образовниот процес. Наставниците ќе ги ослободиме од непотребната административна работа и ќе воведеме критериуми за наградување и мотивација со што ќе го вратиме достоинството на наставникот.

Приоритет број три се Универзитетот и студентите. Целосно ќе ја поддржиме автономијата на Универзитетот. Ќе ги поддржиме идеите за негово подемократско управување и сакаме поголемо учество на студентите на нивните матични факултети.

Како принцип на работа ќе го користиме јавниот дијалог. Но, најважно од се, сакаме сојуз со наставниците и професорите. Бараме ваша поддршка за нашиот план за живот, за да го направиме образованието соодветно за времето во кое живееме.