(ВИДЕО) Атанасов: Македонија четврта во свет по најлоши образовни резултати, ќе има промени!

0
1323

Прес конференција,
Петар Атанасов, претседател на Комисијата за образование и наука на СДСМ и кандидат за пратеник на СДСМ и коалицијата во ИЕ 1
Скопје, 07.12.2016
Со Груевски нема напред. Тоа се потврдува секој ден.

Тоа го потврди најновата листа на меѓународното тестирање ПИСА за постигнувањата на ученици на 15-год. возраст по јазична писменост, математика и природни науки.

Конечно имамецврст доказ за катастрофата во која Груевски, Тодоров и Ристовски, во изминатите 10 години го донесоа образованието.

Република Македонија е на 67 место од 70 рангирани земји според вкупниот резултат!
Најслаби сме во читање, а слаби сме и по математика и природни науки.
Повеќе од половината од тестираните македонски ученици покажале исклучително ниски постигања под нивото 2 по сите три предмети, а само 1% од учениците го постигнале највисокото ниво 5 или 6 по барем еден предмет.
Македонија по втор пат учествува во истражувањето, а резултатите се послаби и од претходниот пат, од 2000 година.

Ги затрупаа наставниците во бирократија, во административни процедури, ги казнуваа, не им оставија време да си ја работат својата работа, едукацијата на децата.

Дури и учениците ги држат под стрес и нервози со екстерното тестирање.
Најдобро рангираниво истражувањето се Сингапур, Јапонија, Естонија и Финска.

Ние не се радуваме на овие податоци. Напротив, додека ВМРО-ДПМНЕ го уништуваше образованието, ние 3 години создававме нов модел.
СДСМ е единствената политичка партија која на овие избори излегува со јасна понуда за големи промени во образовниот систем, вградени во многу наши идеи и мерки.
Овие мерки чинат сеопфатен, заокружен и интегриран пристап за образовен развој!

Затоа, по 11 декември бараме сојуз со наставниците, со професорите, студентите, родителите и со претставниците на граѓанскиот сектор за темелни промени.

Во Планот за живот образованието ни е од највисок приоритет.
Во недела гласаме за образование кое едуцира и за живот во Македонија.