(ВИДЕО) Атанасов : Владата на СДСМ ќе изгради нов студентски дом во Штип до крајот на 2017 година

0
1356

Изјава за медиуми
Петар Атанасов, Претседател на Комисијата за образование на СДСМ
Штип, 10.09.2016
Почитувани граѓани,

Новата влада на СДСМ ќе ги има студентите на врвот на листата на приоритети.

Додека Спиро Ристовски и Никола Груевски се уште размислуваат за потребата од студентски дом, ние гарантираме дека после промената на власта во декември, новата влада ќе изгради нов модерен студентски дом во Штип со капацитет од 300 легла до крајот на 2017 година.

И по 9 години од формирањето на Универзитетот „Гоце Делчев“ власта нема решение за сместувањето на студентите. Груевски и повеќе министри за образование со години зборуваат и ветуваат изградба на студентски град во Штип. Од ветувањата нема ништо.

Секојдневието на над 200 студенти и средношколци од регионот кои живеат во Државниот студентски дом „Браќа Миладиновци“ се мувлосани ѕидови, стар и искршен инвентар, санитарни јазли под секој стандард, студ и еднолична храна.

Ве уверуваме, по 11 декември промените ќе се случат. Студентите од штипскиот универзитет ќе добијат нов студентски дом.
Одговори на новинарски прашања:
Медиуми: Ова значи дека шпекулациите дека СДСМ би го затворила УГД, или би го минимизирала навистина се шпекулации?

Атанасов: Да, тоа се шпекулации кои се пуштаат од ВМРО-ДПМНЕ. Напротив, Штип живее како универзитетски град и ќе остане универзитетски град. Ние ќе работиме на подобрување на квалитетот на студиските програми на меѓународната мобилност затоа што на нашите студенти и професори им е потребна поддршка за да ги достигнат сите оние стандарди кои европските универзитети ги имаат.