(Видео) Апсолутно луд: Реми Галард глуми слепец – на автопат!

0
1144
Легендарниот Французин го сними еден од своите најлуди видео записи коишто потполно заслужено за само неколку часа го погледнаа повеќе од половина милион луѓе…

После огромната “експлозија” во текот на изминатите две до три години, “пранковите” дефинитивно ја покорија YouTube мрежата. Ги правеа голем број на луѓе, во најразлични сценарија и со најразлични приказни, но за голем дел од нив подоцна беше утврдено дека се наместени и дека немаат никаква врска со реалниот живот и случајноста.


Единствен којшто од тој хаос излезе “недопрен” е легендарниот Реми Галард, човекот којшто имаше храброст да си поигра и со полицијата уште во времето кога денешните “пранкстери” сè уште носеле пелени.