(ВИДЕО) Андреевски: Цената на струјата е намалена скандалозни 0 проценти и 25 промили. Ќе има ревизија.

0
1246

Прес конференција на Митко Андреевски, претседател на Комисија за енергетика

 

Регулаторната комисија за енергетика, според информациите што ги имаме, веќе донела Одлука со којашто цената на електрична енергија ја намалува за скандалозни 0 проценти и 25 промили!

Укажуваме дека постои реална можност за намалување на цената на струјата – не во промили, туку за десетици проценти, бидејки од лани е падната цената на електричната енергија на регионалните берзи, и граѓаните веќе со месеци плаќаат поскапа струја!

Со денешната Одлука, Регулаторната комисија за енергетика повторно ги штити бизнисите на трите енергетски компании и нивните соработници и дозволува граѓаните да плаќаат скапа струја, овој пат поради милионски рајски градини, ски центри, обезбедувања, фасади и редица други проекти што немаат врска со енергетиката.

Досега апелиравме, денеска порачуваме: Ќе има Ревизија на денешната одлука на Регулаторната комисија! Ќе има ревизии и на сите претходни одлуки поради коишто во изминатите 10 години цената на струјата е покачена за речиси 100 проценти!

Ќе дознаат сите, кои фактори влијаеле за формирање на ваква цена на електричната енергија!

Ова беше последна шанса за Регулаторната комисија за енергетика да престане да носи одлуки по нарачки за енормни профити и да донесе правилна, праведна и економско издржана цена на електричната енергија.

Не смее и нема бизнис интереси да ја формираат цената на струјата што ја плаќаат граѓаните! Сите кои биле соучесници во злоупотреби врз граѓаните ќе ја понесат својата одговорност.