(ВИДЕО) Ангелковска-Трајковска: Нема пари за помош на поплавените, а има за прослави!

0
1005

Општина Ѓорче Петров не издвои финансиски средства за помош на најпогодените од поплавените подрачја. Предлогот на опозицијата беше категорично одбиен од советниците на ВМРО-ДПМНЕ на чело со градоначалникот Сокол Митревски, изјави Снежана Ангелковска Трајковска, координаторка на советничката група на СДСМ и коалициските партнери.

„Oбразложението е дека Општината нема доволно пари и дека за тоа треба да се изјасни Владата на РМ.
Ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту градоначалникот Митрески, не ја чекаа Владата за да донесат одлука да потрошат 800 илјади денари за прославата по повод 100 години Ѓорче Петров. Не може да има пари за прослави а да не се солидаризира општината со граѓаните од полавените подрачја. На најпогодените од поплавите им е најпотребна помош.

Во знак на револт и солидарност со поплавените жители, како советници од опозицијата нема да присуствуваме на прославата што ја организира општина Ѓорче Петров. СДСМ ќе продолжи со хуманитарните акции за помош на граѓаните од овие подрачја“, вели Трајковска.