Во исто време додека судиите од уставниот суд изолирани од јавноста ја носеа одлуката за законот за помилување, американската амбасада во 9 и 37 часот утрото твитна. Под хаштагот прашање на денот напиша:
„Зошто Уставниот суд денеска одржува седница затворена за јавноста? Транспарентноста е клучна за секоја институција“-Амбасада на САД во Македонија
И додека на социјалната мрежа твитерџиите во коментари бараат акција од американската амбасада, претставникот на Европската унија во земјава Аиво Орав во Велес одговараше на прашања од граѓани. И пред нив и пред медиумите истакна колку е важно судиите да немаат влијание од политичките партии пренесе Телма.
А токму за да се унапреди демократијата мора да се дојде до потполно рамноправен терен за кампажа за сите политички партии во престојните избори и пречистен избирачки список предупреди Орав.
-Постои еден многу важен елемент за подготвување на теренот а тоа е да се избегне заплашување на избирачите пред петти јуни. Избирачкиот список мора да се пречисти, тие да се спроведат на најдобар начин за дента по нив да заврши оваа криза.
Сепак тој е загрижен од резултатите на анкета која ја правела унијата меѓу македонските граѓани. Дури 61 процент воопшто не сакале да одговорат на прашања поврзани со политика а на се друго одговарале. Според него е потребна опсежна анализа за ова.
Видеото ОВДЕ