(Видео) : Алсат М објави снимки од упадот на вооружени лица во ИВЗ

0
1010

alsat(3)

Алсат обезбеди ексклузивни снимки од безбедносните камери во седиштето на Исламската верска заедница кои го покажуваат моментот на насилното влегување во институцијата од страна на луѓето на поранешниот скопски муфтија Ибрахим Шабани.

Настанот се случи пред два дена и како што може да се види од овие снимки, толпата влегла организирано. Едни влегле од страна, додека останатите ја поминале оградата од главната порта.

По влегувањето на првата група во зградата доаѓа до автоматско затворање на вратата, по што другите ја скршија, качувајќи се во канцелариите на ИВЗ и насилно узурпирајќи ги.

Како што покажуваат снимките, се верува дека меѓу лицата имало и такви со оружје. Некои од нив ги ставаат раце во џебовите, евентуално посегнувајќи по оружје.

Ибрахим Шабани, Африм Тахири и секретарот на Скопското муфтиство Скендер Бузаку и понатаму се во зградата на ИВЗ, поставувајќи услови за отстранување на сегашниот поглавар, Сулејман Реџепи. За него велат дека е нелегитимен.

Но, од друга страна, поглаварот тврди дека станува збор за насилно узурпирање на ИВЗ и обид да се внесе раскол во муслиманската заедница, мотивиран и од актуелната политичка состојба во земјава.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=Vn7dLHzaMoU[/youtube]