(Видео) Али прв ќе го напушти „бродот што тоне“: Расте притисокот во ДУИ Ахмети да му го сврти грбот на Груевски

0
1075

Лидерот Али Ахмети е под сериозен притисок од високи партиски функционери да ја раскине коалицијата со премиерот Никола Груевски, велат аналитичарите по последниот конгрес на партијата, на кој имаше жестока расправа токму околу ова прашање, пренесе 24 Вести.

„На конгресот на ДУИ, во корелација и со последните случувања со објавувањето на бомбите на Заев и со сета таа содржина која се слуша таму е створен поголем проитисок врз раководството на ДУИ да се преиспита односот со коалицискиот партнер“, вели Алберт Муслиу, аналитичар.


EKSPERTI ZA DUI by 24vesti

Но, според експертите, за секоја побитна одлука, раководството на ДУИ се координира со претставници на меѓународната заедница, а од таму дошле сигнали дека по евентуалното раскинување на владејачката коалиција, може да бидат испровоцирани меѓуетнички судири.

Токму поради тоа, за тој процес е потребно време и внимателност. Но, оваа ситуација не може многу долго да трае поради се посилниот притисок од членството кое бара излегување од Владата.

„Таа група допринесе да не се усвојат уставните измени за да се овозможи формирање на меѓународни финансиски зони во кои веројатно целта беше да се исперат парите кои се вртат по разни фирми во светот. Мислам дека тие се доволно моќни, доволно организирани, претпоставувам дека се уште имаат некаква почит кон лидерот, но тоа не може да трае долго. Самиот факт што нивните дискусии добивале аплаузи, покажува дека имаат поддршка“, вели Мерсел Биљали, универзитетски професор.

Според аналитичарите, евентуалната одлука на Ахмети за напуштање на Груевски би можела да се очекува околу 9 мај, за кога е планиран и голем протест на опозицијата, кој симболично би се поклопил со Денот на борбата против фашизмот.