(ВИДЕО) Алаѓозовски: Ќе има одговорност и за тендер интересите во Годишната програма од Канческа!

0
1033

„Во Годишната програма за култура потпишана од Канческа Милевска и годинава нема предвидено пари за значајни споменици на културата кои се во загрозувачка состојба.

Еве во каква состојба е Музејот на Македонија којшто се распаѓа, а за него нема предвидено проекти за санација, поправка на кров, поправка на платото пред музејот, заштита од прокиснување при поплави и дожд. Депоата се заразени со мувла и микроорганизми.

Но во истата Годишна програма има одобрено пари по трети пат да се опремува Археолошкиот музеј.

Нема пари за црквата во Старо Нагоричане, црквата во Матејче, коишто се распаѓаат или фреските во Света Софија! На Скопскиот аквадукт и на Курбиново им треба итна конзервација, но Канческа Милевска сака да ги остави само на ниво на идејни проекти.

Ама на сметка на сето ова таа поделила пари за непотребни барокни фасади на објекти.

Ова е класичен доказ дека Годишната програма треба во целост да се поништи, не само затоа што во неа нема место за толку многу врвни индивидуални творци, уметници и културни работници, како што видоа граѓаните.

Годишната програма не ја следи имплементацијата на Стратегијата за култура! Делот за културното наследство јасно ги вади на површина тендер интересите на власта во заминување.

Затоа итно е потребна нова Влада на граѓаните којашто ќе ги заштити вистинското културно наследство и интересите на граѓаните на Македонија.

Порачуваме дека ќе направиме ревизија на Годишната програма за култура од повеќе аспекти и дека за злоупотребите ќе има одговорност“, изјави Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисија за култура на СДСМ.

Jpeg
Jpeg
Jpeg
Jpeg
Jpeg
Jpeg