(ВИДЕО) Алаѓозовски: Аквадуктот што го запуштија, ќе го издигнеме во културна и туристичка атракција!

0
1220

Прес конференција на Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ

Погледнете само во каква катастрофална состојба се наоѓа аквадуктот и неговата околина.

Споменик на културата кој е вистинска реткост на Балканот е претворен во депонија за градежен шут. Реката која поминува под него е полна со ѓубре и потенцијален извор за зараза на Скопје.

Власта на обвинетиот Груевски и министерката за култура Канческа Милевска фрли над 650 милиони евра, пари на граѓаните, за камен и стиропор, а дозволи аквадуктот да биде во ваква состојба и целосно заборавен.

Ова е класичен пример за тотална негрижа на оваа власт за вистинското културното наследство во Македонија.

skopski-akvadukt-2-670x377

Скопскиот аквадуктот има историско и културно значење за граѓаните на Република Македонија и може да биде вистинска туристичка атракција.

Новата влада предводена од СДСМ ќе го заштити аквадуктот како културно наследство на Скопје.

Комплетно ќе го рехабилитираме оштетениот аквадукт и просторот околу него, ќе ја исчистиме и уредиме реката, а просторот ќе го заштитиме како културен предел.

Аквадуктот и неговата околина ќе ги претвориме во туристички и културен простор за сите граѓани на Македонија, како и за туристите кои го посетуваат главниот град.