(ВИДЕО) Акција „Отворени денови со граѓаните“ во Централниот регистар во Прилеп

0
1520

Во просториите на Регионалната регистрациона единица на  Централниот регистар од Прилеп, денеска се одржа акцијата „Отворени денови со граѓаните“, која е една од низата активности кои институцијата ги спроведува, а со цел доближување до граѓаните, како и нудење подобри и навремени услуги на сите странки и засегнати страни.

“Согласно проектите кои Централниот регистер ги презема, се’ со цел да се отвори кон граѓаните и да им помогне во извршување на сите активности кои се должност кон оваа институција, е и акцијата  „Отворени денови со граѓаните, која веќе се приближува кон крајот. Денеска сме во Прилеп, остануваат Скопје и Охрид. Започнавме од 16 септември во Тетово, Куманово, Кочани, Струмица…всушност секаде каде Централниот регистар има свои канцеларии“, истакна Ирена Лазарова од одделението за маркетинг и односи за јавност на Централен регистар.

Лазарова посочи дека онаму каде што се спроведува акцијата „Отворени денови“, се забележува и зголемување на бројот на регистрирани правни субјекти. Трендот е во нагорна линија, се основаат повеќе правни субјекти отколку што се затвораат. Претходно, тимот на Централниот регистар предводен од  директорката Марија Бошкоска Јанкоски и заменик регистраторката Павлина Голејшки, во рамки на истата акција ги посетил градовите Тетово, Куманово, Битола, Штип, Кочани и Струмица.