(ВИДЕО)Шилегов: Груевски призна дека „бомбите“ се автентични, СДСМ нема да дозволи изгласување на законот!

0
1165

petre

Нема поголемо јавно признание на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за автентичноста на скандалозните содржини во снимките од „Вистината за Македонија“, од потегот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да поднесат закон за забрана на нивно емитување, изјави попладнево пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов.

– Денешното поднесување закон од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за лепените, сечени, монтирани материјали според Груевски, одеднаш ги направи прислушувани материјали. И тоа такви што треба да се забранат со закон. Многу се исплашени ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ од материјалите од прислушувањето штом со закон бараат да се забрани нивно објавување, па и реобјавување. Ова не е дел од Договорот од 2 јуни/15 јули. Ваков закон ниту е договорен, ниту е дискутиран меѓу потписниците на договорот. Овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е обид да го нарушат преговарачкиот процес. Тоа нема да го дозволиме – нагласи Шилегов.