(ВИДЕО)Шилегов: Груевски призна дека се збогатил 118.629 евра за една година, сега мора да каже како!

0
1234

petre.stanovi„Никола Груевски призна дека му успеало тоа што не му успева веројатно на ниту еден граѓанин во Македонија, да штеди по 10.000 евра месечно, со плата од 1.400 евра месечно! На неговите денарски и девизни сметки за само една година да стави 118.629 евра!

Никола Груевски по оваа информација од неговите анкетни листови од 2014 и 2015 година, што ги сокри Антикорупциската комисија, единствено што имаше да каже е оправдувањето дека заработувал само плата, а листовите не знае како исчезнале од страницата на комисијата. Никола Груевски излажа“, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Платата на Груевски му била 88.139 денари, или околу 1.400 евра. Да ја штедел Груевски целата своја плата, сите 1.400 евра да ги ставал во банка, за една година ќе заштедел не цели 17.000 евра. А не 118.629 евра. Еве во овие анкетни листови самиот Груевски пријавувал уплати на девизни и денарски сметки од 300.000 до 3.000.000 денари и за нив во графата основ на стекнување или не дал податок, или рекол дека ги стекнал “на друг начин“.

Никола Груевски е должен на 500­те илјади граѓани кои доведе со неговите политики на раб на сиромаштија да им го открие неговиот успешен “начин“ на заштеди од 118.629 евра за само една година. Граѓаните слушнаа од проектот Вистината за Македонија за оф шор релациите на Груевски со рајски земји, за милионските тендери што се договарале, за комбињата што шетале да бараат милионски парцели по Скопје и Водно. Дали Груевски незаконски се богати?

Дали оф шор релациите со рајските земји го збогатиле Никола Груевски 118.629 евра за една година, само според достапни официјални податоци. Антикорупциската комисија којашто “случајно“ ги сокри анкетните листови за имотната состојба на Груевски за 2014 и 2015 година не може да го спаси Груевски.

Не може да го спаси ни нарачаната аболиција кај Ѓорге Иванов, за него и за неговите соработници. Да не се теши Груевски дека нема да има поништување на аболицијата.

Ќе има. И сите кои правеле злоупотреби ќе поднесат сметка пред граѓаните на Република Македонија“, рече Шилегов