Потпретседателот на СДММ, Дарко Каевски, објавувајќи фотографии, денеска обвини дека Марија Р.К. вработена во СВР Битола, на својата свадба пукала рафално со пушка за време на прославата.
Каевски рече дека пушката била формациско оружје на полицијата и војската и за неа граѓаните не можат да добијат дозвола за поседување и носење.
– Но тоа очигледно не важи за нововработената секретарка на началникот на униформираната полиција во СВР Битола, Зоран Дуковски. Според информациите што ги имаме, Марија Ристовска Калешковска е тазе вработена, пред извесно време добила и решение за работа во СВР Битола, веднаш по завршувањето на средното економско училиште, рече Каевски.
– Уште колкумина во МВР располагаат со службено оружје за приватни цели? Слушнавме од проектот Вистината за Македонија каков пример им давал на вработените во МВР тогашниот директор на УБК, Мијалков кој според снимките дава наредба или самиот рафални пукал по кафеани и веселби. Одбројани и се деновите на оваа неодговорна и несериозна власт, дополни Каевски.