ВИДЕО+ФОТО: Денешната револуција помина во знакот на шарените балони!

0
1016

И денеска од 18 часот граѓаните се собираат пред СЈО. Нивниот број постојано се зголемуваше. Денешниот протест е посветен на борбата против корупцијата.

ChyZtCLXIAER4FL

-Слушнавме како се употребуваат јавни институции за партиски цели. Како режимот користи инспектори за да се пресметува со противници. Како се договараат огромни провизии. Сето тоа е корупција. Корупција значи иструленост и расипаност. Корумпирани институции значат иструлени институции. Институции кои не работат за граѓаните туку против граѓаните. Во сето ова време, откако слушнавме за раширената корупција, Државната комисија за спречување на корупција молчеше. Денес ќе ги „поздравиме“ за овој нивен молк и ќе побараме одговорност.

Или со зборовите на поранешниот претседател на ДКСК: Ајде да ја искорениме корупцијата за век и векови амин – стои во образложението на денешниот протест.

ChybyK6XAAAA6Uy Chyb_vSXIAAmJ40 ChyhinxVAAAWeof Chyk1rPXIAEY8Fr ChyrVoJU4AI1vyh ChyuOiFWwAA8rfY ChytSovWsAED2FL shareni-stolbovi