(ВИДЕО)Трајкоска: Политичките партии станаа медиумски редакции

0
1048

Дел од политичките партии ја преземаа улогата на редакции, тие формулираат и прават вести 24/7 и повеќе имаме продукција на вести од некои центри за комуникации, отколку од одредени медиуми, вели директорката на Институтот за комуникациски студии, Жанета Трајкоска, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Таа вели дека жално е што сепак не се најде доволно сила медиумите да останат дел од преговарачкиот процес.

– Ние коишто работиме од страна или, пак, најголем дел од невладините и од здруженијата сметаат дека овој момент сега со овој процес на преговарање ќе биде искористен не само за изборите, туку и после изборите, бидејќи медиумската ситуација е екстремно лоша во Македонија и состојбата со медиумите и професионалното новинарство воопшто не е на завидно ниво. Некако се надевавме и го гледавме овој процес како еден долготраен процес во кој навистина ќе има системски реформи на медиумите и новинарите ќе можат навистина да работат професионално, одговорно, но и слободно пред сè – вели Трајкоска.