(ВИДЕО)ТОКМАК на денот – режимската пушинела Зврлевски: Обвинителството на Јанева е политичко, а нашето е независно

0
927

Јавниот обвинител Марко Зврлевски бил навреден заедно со другите обвинители зошто било формирано специјално обвинителство и најави дека наското пред Уставниот суд ќе било оспорено неговото формирање.

-Не е точно дека не постапуваме по предметите. Недовербата кон Јавното обвинителство на Република Македонија и другите обвинителства е несонована. Доволно говори фактот дека предложените кандидати работеа на тие случаи, од 14 предложени кандидати, седум луѓе на работеа на тие случаи – изјави Зврлевски, пренесува А1он.

Според него специјалното јавно обвинителство е политичко, додека јавните обвинителства со кои тој управува се независни.

-Ако имате политички договор за некоја личност спротивно на сите правила и носење на закон спротивно на сите правила и барање избор спротивно на сите закони, тогаш сметам дека е тоа политичко обвинителство. Се гордеам што не сме политичко обвинителство – додаде тој.
Јавниот обвинител, смета дека Советот не го прекршил законот за специјално јавно обвинителство, а биле избрани само седум обвинители за тимот на Катица Јанева затоа што обвинителството немало луѓе за работа.

Видеото ОВДЕ