(ВИДЕО)СКАНДАЛ: Новинарка избркана од „Сител“ поради критичка колумна за Јанкулоска!

0
1684

Новинарката Кристина Атовска пред неколку дена била избркана од работа од телевизија „Сител“ затоа што објавила критичка колумна за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Овој случај денеска на прес конференција го објави Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, а изјава даде и Атовска, пренесува „Бриф“.

– Ме викна уредникот и директно ми рече дека колумната под наслов „Новинарскиот имунитет за Јанкулоска“ објавена на порталот Позитив.мк ми направила проблем и поради неа ќе мора да ми го прекинат ангажманот – рече новинарката.

Антовска  работела во утринска програма каде обработувала претежно магазински теми и немала директен допир со политичките теми.

– Никогаш не сум ја прекршила уредувачката политика на медиумите, секогаш се трудев работата да ја завршам согласно новинарските стандарди – вели Атовска во „Сител“ како хоронарец работела од август 2014 година.

Претседателката на ССНМ, Тамара Чаусидис ја повика ТВ Сител да ја врати Атовска на работа, посочувајќи дека секоја редакција треба да ги цени новинарите кои покажуваат интегритет. Чаусидис најави дека во наредниот период синдикатот ќе обелоденува слични случаи.

„Хонорарците се живи луѓе со име и презиме и вака, на почетокот од кариерата им се затвораат вратите. Ние новинарите мора да се избориме за да се раскаже приказната за Христина“, порача Чаусидис.

Атовска вели дека најверојатно би се вратила на работа доколку раководстовот на Сител се премисли.

Извор: Бриф