(ВИДЕО)СКАНДАЛ: Катица Јанева бара притвор за него, а тој седи со Иванов на Советот за безбедност

0
1531

miomir_2На иста маса полна со луѓе, со претседателот Иванов на Советот за безбедност седна и осомничен за изборен криминал во акцијата Титаник.

Сега по одлуката на Уставниот суд, тој може да бара и да добие помилување од Иванов за делото за кое го истражува специјалното обвинителство.

Станува збор за советник во Агенцијата за разузнавање, иако го немаше на листата поканети беше во друштво на директорот на Агенцијата Наќе Чулев и присутен на советот за безбедност кој во проширен состав расправаше за бегалската криза, информира Телма.

За овој осомничен во Титаник, специјалното обвинителство бараше и притвор поради можно влијание на сведоци. Судот не го прифати предлогот на обвинителството и не му одреди притвор на К.Т. долгогодишен член на кабинетот на екс министерката Јанкуловска кој по нејзината оставка лани во мај се префрла во агенцијата за разузнавање.

Според предлозите на обвинителството за притвор на Јанкуловска и за нејзиниот некогашен соработник е наведено дека тој заедно со уште едно лице и вршел притисок на друга осомничена која работи како началник на управните служби во МВР.

Дури според обвинителството, осомничениот и нудел финансиска помош на жената која се чувствувала загрозена од понудите. За осомничениот се спомнува дека заедно со друг колега ја носеле раководителката од МВР на средба со Јанкуловска преку гаражи во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

Стои во образложението со кое е одбиен предлогот за одредување притвор на Јанкуловска и нејзиниот долгогодишен соработник во МВР. Тодоровски во својот исказ пред судот ги негирал тврдењата на специјалното обвинителство за учество во изборни нерегуларности и истакнал дека не работи веќе во МВР за да може да врши влијание врз вработени во Министерството. Името на осомничениот се спомнува и во една бомба на опозицијата.

Осомничениот постојано како шеф на кабинет беше во придружба на Јанкуловска, но по нејзината оставка веднаш замина во Агенцијата за разузнавање.

Како вработен во агенцијата пак замина на проширената средба на советот за безбедност која ја свика претседателот. Инаку Иванов изјави дека без разлика на одлуката на Уставниот суд да му овозможи да помилува лица осомничени за изборен криминал, тој како Претседател нема да помилува изборни силеџии.

Немаше детали дали ова негово вето ќе важи и за оние што без насилство креирале изборни нерегуларности.

Видето ОВДЕ