(ВИДЕО)Рената Дескоска: Новиот срамен чекор на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во Собранието е нова потврда на криминалот

0
1149

Изјава за медиуми на Рената Дескоска, пратеничка од редовите на СДСМ.

Денеска пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со гласањето во Собранието по 2 точки од дневниот ред уште еднаш го покажа стравот од одговорност за сторените кривични дела од страна на врхушката на власта.

Првиот пат со отфрлањето на нашиот предлог за дополна на Законот за помилување со кој требаше да се пополни правната празнина создадена со одлуката на Уставниот суд, а вториот пат со поддршка на предлогот за измена на Законот а кривична постапка поднесен во дует од страна на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за измена на Законот за кривична постапка е обид за дезавуирање на постапувањето на Специјалното јавно обвинителство и одложување на неговото постапување.

Со овој нивен предлог ги продолжуваат роковите на редовната и на скратената кривична постапка, со што всушност се сакаат да ги одолговлечат и одложат постапките на специјалното јавно обвинителство. Сите знаете дека во својот извештај специјалното јавно обвинителство најави обвиненија во скоро време. За да го одложат постапувањето на ова обвинителство, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ предлагаат наместо како до сега осомничениот да има рок од 15 дена за поднесување на докази, тој рок да се продолжи на 90 дена, што е речиси 3 месеци.

Понатаму, скратената постапка целосно се минира со воевдување на истиот рок од 90 дена за преземање на дејствија на одбраната.

Ова практично значи дека по завршувањето на истрагата, обвинителството нема да може да покрене обвинение во наредните 90 дена.

И на крајот, предлог законот предвидува овие нови одредби да се применуваат и за постапки започнати пред влегување во сила на овој закон.

Овој предлог закон е уште еден срамен чекор на ВМРО-ДМНЕ и ДУИ во Собранието со кој што се потврдува криминалот на власта во заминување. Пратеничката група на СДСМ е против овие измени. Секој што го прекршил законот треба да одговара и не смее да се ставаат било какви пречки за побрзо доаѓање на правдата.