(ВИДЕО)Прилепчани до Заев: Со вас сме, светлината што ја носите да ја осветли иднината на Македонија

0
1348

Zaev_PP8-640x320

„Добредојдовте претседателе. Во вас овој народ гледа спас. Овие не направија сиромашни, ја запустеа државата. Но, светлината што ја носите ја покрива нивната темнина“.

„Со овие зборови претседателот на СДСМ, Зоран Заев, беше пречекан од граѓаните на Прилеп и прилепско, кој во пресрет на празникот 11 Октомври беше во посета на овој регион.

На средба со повеќе стопанственици од Прилеп, претседателот Заев ја претстави визијата на СДСМ за градење партнерски однос на државата со приватниот сектор, преку мерки за развој на бизнисот и отворање на нови работни места“, велат од СДСМ.

-Имаме сериозна анализа и план на кој начин ќе обезбедиме 400 милиони евра за развој на стопанството, бизнисот. Со овој солиден резервоар, преку мерките за градење партнерство со приватниот сектор, ќе отвориме нови и квалитетни работни места. Нашата цел е да го спречиме иселувањето на младите и на работно способните граѓани од земјава, рече Заев.

„Клучната забелешка на претставниците на бизнис заедницата беше дека актуелната власт во заминување нема план за развој на економијата туку мисли само на тоа како да прибере повеќе пари за себе, коишто потоа, на сомнителен начин, завршуваат во приватни џепови“, пишува во соопштението на СДСМ.

-Парите ги вложуваат во црни дупки и никогаш не можат да се вратат назад. Овие неповратни инвестиции се фрлени пари. Очигледно намерата е да завршат во приватни џепови, класичен грабеж, рече еден од стопанствениците.

„Додека поединци се богатат на сомнителен начин под притисок на власта многу мали и средни фирми се затвораат секој ден. Казни, инспекции, закани, уцени, да се откажат од јавните тендери. Многу човечки судбини се жртви на оваа неодговорна власт.

Zaev_tutunari3

Двајца сопружници коишто отвориле фирма и успешно работеле до пред 4 години му пријдоа на претседателот Заев. Јавно се заблагодарија за помошта што лично претседателот Зоран Заев им ја пружа сега кога им е најтешко“, се вели во соопштеноето на СДСМ.

-Голема несреќа ни донесе оваа власт. Отворивме фирма со странски грантови и до 2011 година работевме успешно. Ама почнаа да не притискаат, да се откажуваме од тендерите, ни праќаа инспекции, ни пишуваа казни. Немавме работа и ја затворивме фирмата, се пожалија тие.

„Откако им ја блокирале сметката овие луѓе 4 години се заглавени во правните лавиринти. Не можат да ја ликвидираат фирмата, со тоа не можат да бараат работа, немаат здравствено осигурување, не можат да го прехранат семејството. Помошта од претседателот Заев им е добредојдена“, пишува во соопштението на СДСМ.

-Тука сме да помогнеме. Ќе помагаме секогаш кадешто е потребно. Мораме да ги промениме работите во државата за вакви неправди да не ни се случуваат. Фирмите да бидат ослободени и слободно да работат за да може да се прехрани семејството, порача Заев.

„Следуваше средба со тутунарите и производителите на пиперка од прилепско.

Тутунарите се пожалија дека нема откуп и нема достоинствени цени за нивниот род. Производителите на пиперка бараат гарантирана цена и пласман на производите. Му се обратија на претседателот Зоран Заев како на иден премиер, го запрашаа како после април ќе ги реши нивните проблеми“, велат од СДСМ.

-Потенцијалот на Македонија е земјоделието и работливите граѓани. Го имаме вистинското решение за проблемите на земјоделците. Субвенции ќе има дури и повеќе. Но, вие сте сведоци дека само субвенции не го решаваат проблемот. Нашиот концепт, нашата визија е планско производство. Ќе обезбедиме пласман и достоинствени цени, рече Заев.

„Времето на промените наближува, на 24-ти април промените ќе се случат, порача тој.

Во пресрет на 11 Октомври претседателот Зоран Заев беше со граѓаните на традиционалниот граѓански собир во чест на овој голем државен празник, којшто се одржува во с.Селце, прилепско.

Дворот на манастирот св. Димитрија, кадешто се одржува граѓанскиот собир, беше целсно исполнет со народ. Врнежливото време не е никаква пречка. Аплаузи, прегратки, искрени и емотивни пораки за успех, за подобро утре. Вака граѓаните го пречекаа претседателот на СДСМ, Зоран Заев, идниот премиер на Република Македонија“, пишува во соопштението на СДСМ.

– Оваа слика ми е особено пријатна, кога вака заедно го гледам нашиот народ. Така, сите заедно ќе се избориме за подобра иднина на Република Македонија, рече Заев.